• Иван Димовски
Македонската женска сениорска репрезентација го игра натпреварот од петтото коло од квалификациите за Европското првенство во рамките на лигата Ц.
Девојките на Александар Андов ќе ја дочекаат репрезентацијата на Летонија која е третопласирана во групата. Ова е шанса за македонските фудбалерки да го осигураат второто место и да се изборат за продолжување на европскиот пат, колку и да е тежок понатаму до главниот турнир.
Ова ќе биде втор меѓусебен дуел на двете репрезентации во циклусот, а првиот Македонија го доби на гости со 3-4. И денес нашите фудбалерки важат за апсолутен фаворит, па сè освен победа ќе биде изненадување. Со сите сили Андов ќе ја нападне Летонија и трите бода.
Денешниот меч меѓу Македонија и Летонија се игра во терминот од 19:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. По овој натпревар останува уште натпреварот на гости кај Словенија.



