• Иван Димовски
Женската репрезентација на Македонија го забележа првиот позитивен резултат на пријателскиот турнир во Анталија. Избраничките на Кирил Изов одиграа реми против селекцијата на Естонија (1-1).
Пресметката во Турција не тргна најдобро за македонската репрезентација. Естонките добија пенал, меѓутоа Лисет Тамик не го реализира. Сепак, истата фудбалерка три минути подоцна успеа да донесе предност за Естонија (1-0), резултат кој беше активен на полувремето.
На сцена во продолжението стапи нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова. Точно на истекот на еден час игра, капитенката на Македонија погоди за израмнување и конечните 1-1.
Претходно македонските девојки во Анталија загубија од Бугарија (2-1) и Замбија (1-0).