Македонските фудбалери безбедно слетаа во Скопје по техничкиот проблем во Истанбул

Фудбалската репрезентација на Македонија безбедно слета на скопскиот аеродром, откако претходно имаше кратка непријатност при летот од Истанбул.

Имено, чартер-летот на Фудбалската федерација на Македонија беше принуден да се врати на пистата на аеродромот во Истанбул кратко по полетувањето, поради мал технички проблем на авионот. Сепак, ситуацијата била под контрола и безбедноста на патниците во ниту еден момент не била доведена во прашање.

По краткото задржување и проверките, летот продолжил без дополнителни компликации, а македонската експедиција успешно пристигна во Скопје.

Од таборот на репрезентацијата нема простор за загриженост, а фудбалерите и стручниот штаб веќе се насочени кон следните обврски.