„Македонскиот зет“ од Колумбија стана првак на БиХ, може да игра со Струга

Екипата на Борац од Бања Лука стана шампион на Босна и Херцеговина, а во редовите на тимот има еден играч со македонски пасош, тоа е Себастијан Херера.

Колумбиецот кој настапува на десната бековска позиција е „македонски зет“, а претходно долги години играше и за Работнички и поседува македонски пасош. Оваа сезона тој беше еден од најстандардните во Борац, а во повеќе наврати беше и во тимот на колото.

Борац како шампион на БиХ ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите. Тимот е можен ривал на Струга Трим Љум, но се ќе зависи од тоа кој ќе биде шампион во Ерменија и Албанија. Се чека расплет на првенствата, па да се види дали Борац ќе биде меѓу носителите.

29-годишниот Херера има договор со Борац до 2025 година.