„Македонскиот зет“ од Колумбија се враќа дома, ќе игра за еден од великаните?

Себастијан Херера стана македонски зет. Долгата кариера во Македонија ја круниса со брак со неговата девојка, а потоа замина во други европски земји низ кои ја гради фудбалската кариера.

28-годишниот фудбалер кој поседува македонски пасош во моментов игра за Борац Бања Лука од БиХ, но според најавите може да се врати да игра дома, во татковината. Два колумбиски великани се заинтересирани за Херера. Како што јавуваат медиумите од земјата, тоа се екипите на Санта Фе и Милионариос.

Херера пристигна во европскиот фудбал во 2015 година, кога од Атлетико Переира се пресели во Работнички. Меѓу „романтичарите“ остана пет години, до 2020 година, па следеше преселба во унгарски МТК. По две години таму, се врати во Македонија, играше за штипска Брегалница.

Една година Херера беше во Докса заедно со Шишковски и Трајчевски, инаку соиграчи и пријатели од времето во Работнички, додека во Борац Бања Лука тој е од оваа сезона. Досега, во босанската Премиер лига тој одигра 16 меча, на кои има четири асистенции и еден гол.