Македонскиот талент Стојановски потпиша за Олимпија Љубљана

Македонската фудбалска надеж Дарко Стојановски ќе го има својот прв интернационален предизвик, затоа што како фудбалер ќе продолжи да се гради во Словенија.

18-годишниот играч за врска во иднина ќе ги брани боите на Олимпија Љубљана, откако словенечкиот тим се избори за негов трансфер од редовите на Академија Пандев.

Стојановски успешно го мина пробниот период во Словенија, откако задоволи со своите настапи на пријателските натпревари и наскоро и официјално ќе му се приклучи на младинскиот тим на Олимпија.

Македонецот пред да се пресели во редовите на Академија Пандев, своите фудбалски почетоци ги имаше во битолските шлоли ЛГ Спорт у Талент. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.