• Горан Упале
По одличната сезона во дресот на Вардар, младиот дефанзивец Марио Младеновски е пред нов предизвик, затоа што најверојатно ќе започне интернационална кариера.
Откако донесе одлука да не ја продолжи соработката со македонскиот шампион, на неговата адреса пристигнаа неколку понуди, но по сè изгледа реализирана ќе биде таа од Украина. Македонскиот репрезентативец е пред потпис со тамошниот гигант Динамо Киев.
Младеновски веќе неколку дена е во Киев, каде ќе мине одреден тест-период, а денес ги одигра и првите минути, но за вториот тим на Динамо. Претходно, во славниот клуб од Украина настапуваше Горан Попов, почие посредство Младеновски се обидува да договори трансфер.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.