• Иван Димовски
Младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Грашески ја доби довербата и стави потпис на прв договор со Динамо Загреб.
17-годишниот офанзивец е член на јуниорските екипи на „модрите“ од ова лето, а со своите настапи се избори за првиот стипендиски договор со клубот. Грашески е член на Динамо Загреб У19 со кој игра во јуниорската лига, а овој потпис значи дека ќе продолжи да се развива и да работи во младинскиот погон на хрватскиот великан.
Грашески трансферот во Хрватска го направи од Њу Старс Скопје, а претходно настапуваше за Вардар. Минатиот февруари се пресели во Хрватска и заигра за Максимир со кој играше и сениорски фудбал во Третата лига. Тоа не мина незабележано и следуваше повик од Динамо, чиј член е од август.
Инаку, Александар Грашески ги мина сите младински категории на Македонија до својата возраст. Тој има преку 30 репрезентативни настапи за селекциите до 15,16 и 17 години, а моментално е дел од У18 тимот кој го води Димитар Капинковски и е еден од капитените.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.

