• Горан Упале

Младиот македонски фудбалер Лука Трпевски беше херој на Црвена Звезда, откако го постигна единствениот гол во победата од 1-0 над Браво во реваншот од второто коло на Младинската Лига на шампионите.
Трпевски се најде на вистинското место во 16. минута, кога ја искористи одбиената топка по ударот на Чукиќ и прецизно ја смести во мрежата на словенечкиот тим. Српскиот гигант славеше со истиот резултат и на првиот натпревар во Словенија, па со вкупни 2-0 обезбеди пласман во следната рунда, каде што ќе се соочи со австриски Салцбург.
Македонскиот талент уште еднаш одигра важна улога во својот тим, откако пред една година потпиша професионален договор со Црвена Звезда.