• Мартин Танасковски
Младиот македонски фудбалер Адмир Љатифи сè повеќе го привлекува вниманието во редовите на Осијек, откако одлично ги искористи шансите што ги доби на стартот од новата сезона во сениорскиот состав.
19-годишниот крилен напаѓач досега настапи на четири првенствени натпревари, а на последниот дуел против Риjека за првпат се најде во стартниот тим. Љатифи веднаш ја оправда довербата со атрактивна асистенција, откако со прецизна долга топка од левата страна го пронајде Леон, кој погоди со удар со глава.
Одличните настапи не останаа незабележани ниту во клубот. Како што објави „Спортске новости“, раководството на Осијек веќе подготвува нов и финансиски подобар договор за младиот Македонец, иако неговата актуелна соработка е важечка до летото 2028 година. Воедно, неговите партии веќе го привлекле вниманието на скаути од неколку европски клубови, а како најзаинтересирани се споменуваат шпанска Селта и германски Фрајбург.
Љатифи во Осијек пристигна во август минатата година од македонска Беса. Зад себе има настапи за сите младински селекции на Македонија, а веќе запиша и три настапи за репрезентацијата до 21 година, за која постигна и еден гол.





