Македонски клуб од Австралија иницира хуманитарна акција за настраданите во пожарот во Кочани

Македонија и регионот се облеани од тага и неверица по големата трагедија во Кочани. Тагуваат и нашите сонародници во странство, а сочувство стигнува и од големата наша дијаспора во Австралија

Големата трагедија во дискотеката во Кочани не ги остави рамнодушни спортските колективи низ светот во кои партиципираат нашите иселеници. Македонскиот фудбалски клуб од Австралија, Рокдејл Илинден ќе апелира до целата јавност да донира за поддршка на семејствата на настраданите во Кочани.

Рокдејл Илинден нагласи дека сите собрани парични средства ќе бидат донирани за најтешко погодените во несреќата и нивните семејства.

Многи спортисти, спортски клубови и организации деновиве ќе го следат примерот и ќе организираат хуманитарни акции за семејствата на настраданите.