• Мартин Танасковски

Преодниот рок заврши во најдобрите лиги во Европа, но во останатите се уште трае и екипите имаат можност да купуваат новитети. Пазарот е мал со оглед на тоа што сезоната е во тек, но има слободни имиња од Македонија кои се интересни.
Двајца играчи кои во моментов имаат незгодни повреди се на врвот според вредноста на „Трансфермаркт“. Слободни се Кристијан Трапановски кој играше за Данди Јунајтед, но го повреди коленото, како и Егзон Бејтулаи, кои има повреда на лигаментите.
На листата на слободни играчи се наоѓа и голманот Дејан Илиев, тука се и уште двајца поранешни репрезентативци на Македонија, тоа се капитенот Стефан Ристовски и стрелецот на голот во Палермо против Италија, Александар Трајковски.
Како слободни се водат и Марјан Ристовски, Филип Антовски, Зија Мерџани, Флорент Кадриу, Давид Денковски, Филип Стојчевски, Петар Петковски, Мирко Ивановски, Александар Ристевски, Мики Петровиќ, Ермедин Адем, Томе Китановски, Филип Миленковски...