Македонски фудбалер во комична ситуација: „Нема веројатно ти да ме чуваш!?“ (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Фета Фетаи се најде низ медиумите во Хрватска откако беше во комична ситуација за време на дуелот меѓу Локомотива Загреб и Ријека.

Фетаи, кој е роден во Скопје, има 19 години и во минатото играше за младинските селекции на Македонија, се најде во ситуација да треба да чува далеку повисок ривал. Фетаи е висок 172 сантиметри, а застана до Стјепан Радељиќ кој е двометраш.

„Стјепан ме погледна и ме праша - „Нема веројатно ти да ме чуваш?“. Му одговорив „не, не... само се зафркавам“. Двајцата се насмеавме на тоа“, изјави Фетаи за хрватските медиуми за ситуацијата.

Разликата во висина меѓу Фетаи и ривалот од Ријека беше преку триесет сантиметри.

Состави

Silvijo Cabraja

4-5-1

    Radomir Dalovic

    4-4-2