Македонската У16 селекција поразена од Словачка на развојниот турнир во Подгорица

Репрезентацијата на Македонија до 16 години забележа пораз од селекцијата на Словачка во рамките на второто коло на развојниот турнир кој се одржува во Подгорица. 

Нашите надежи одиграа без голови во регуларните 90 минути, а во пенал-серијата поуспешен беше ривалот со конечни 4-2. Во нашиот тим прецизни реализатори на ударите од белата точка беа Фадил Исламовиќ и и Ракипи Сонер.

Македонија настапи во следниов состав: Амин Сулјовиќ, Анес Бајрами, Игор Вргов, Аријан Рамадани, Филип Цветковски, Лука Георгиевски, Лука Кнезевиќ, Марко Мирцевски, Горјан Петковски, Лука Ѓоршиев Јасмин, Сонер Ракипи;

Резерви: Ринор Цека, Даријан Денковски, Вулнет Амети, Коста Бошковски, Мелдин Аломеровиќ, Давор Јорданов, Фадил Исламовиќ, Андреј Цветковски, Васко Папалиски. 

Селектор на репрезентацијата до 16 години е Драган Начевски.