• Зоран Мишевски
Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2008 година), моментално се наоѓа во Кичево на зимски тренинг камп, каде што ќе се проверува и подобрува моменталната физичка форма на играчите пред претстојните предизвици.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Раде Каранфилоски за моменталните подготовки во Кичево, ги повика следните фудбалери:
Антониј Трајковски (Работнички)
Дарко Јовчев (Македонија Ѓ.П.)
Александар Трајков (Брера)
Енвер Фејзуловски (Пелистер)
Мартин Џангаровски (Брера)
Симон Крстев (Брегалница)
Ристе Стоилов (Брера)
Матео Кесиќ (Брера)
Лука Варошановски (Академија Пандев)
Лорен Жаку (Воска Спорт)
Матеј Герасов (Работнички)
Давид Ангелевски (Пелистер)
Флорент Османи (Шкендија)
Блерон Бајрами (Вардар)
Алек Сиваков (Пелистер)
Стефан Бујаровски (Вардар)
Јован Мармачовски (Пелистер)
Александар Грашески (Њу Старс)
Бленди Ганиу (Шкупи)
Габриел Талевски (Брера)
Костантин Апостоловски (Работнички)
Алесандро Грујоски (Лундс)
Дени Османовски (Хелсинборг)
Душан Бојовиќ (Вардар)
Матеј Сејменов (Брера)
Капитенот на нашата млада селекција на Македонија, Александар Грашески, даде свој коментар за досегашниот дел од зимските подготовки во Кичево.
„Имаме одлични услови и се тренираме напорно на овие подготовки, работиме со добра динамика и напредуваме во континуитет. Владее позитивна атмосфера во репрезентацијата. Сите сме максимално фокусирано на овие припреми и се трудиме од ден во ден да бидеме се подобри.
Верувам дека оваа генерација на фудбалери има квалитет и може да се надева на остварување на успех. Мораме да функционираме како еден колектив, само така можеме да оствариме и да направиме нешто големо. Наесен не очекуваат квалификациите за пласман на Европско првенство. Имаме доволно време и можност да се подготвиме на највисоко ниво до тогаш. Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор и стручниот тим, подготовките течат во најдобар ред, сите заедни веруваме во успех“, рече Грашевски.
Тренинг кампот на младата селекција на Македонија ќе трае до 25 февруари.