• Редакција Gol.mk
Македонската колонија во австриската регионална лига оствари голем успех. Имено, екипата на Мауерверк, каде тренер е Илчо Наумоски, а настапуваат Томе Китановски и Леон Најдовски, го обезбеди опстанокот, иако тоа по есенскиот дел изгледаше невозможно.
Иако имаше само 9 бода и беше закован на последното место на табелата по првата полусезона, тимот на Мауерверк одигра извонредна пролет и во последното коло се избори за останување во категоријата.
Со победата од 1-2 на теренот на Нојсидл, екипата на Наумоски ги мина Ардагер и со 29 бода се искачи на четиринаесеттото место.
Наумоски со години живее и работи во Виена, а од оваа година македонската колонија е побогата и за Китановски и Најдовски.