• Иван Димовски

Дарко Глишиќ го комплетира трансферот во Кипар, каде стави потпис на договор со Докса и ќе заигра заедно со Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Поранешниот фудбалер на Вардар, Скопје, Напредок, Тетекс и последно Шкупи се договори со кипарскиот тим и се очекува да биде добро засилување на левата бековска позиција. Докса денес го промовира и официјализира трансферот на Глишиќ од Шкупи.
29-годишниот бек освен во македонските тимови имаше и интернационално искуство со настапите во Олимпик Сараево, Динамо Тбилиси, Септември Софија и Арда Карџали. Сега, Глишиќ ќе ја засили македонската колонија во оваа островска земја.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.