Македонска трагедија: Шампионот без даден гол, само една победа на 12 меча...

Македонските клубови го завршија европското лето. Шкендија, Шкупи, Струга Трим Љум и Силекс се простија од настапите во Лигата на шампионите и Конференциската лига и сега може да се фокусираат на стартот на домашното првенство.

И ова лето ја потврди македонската болка, дека клупскиот фудбал во само четири години доживеа вртоглав пад. Ако Вардар тогаш влезе во групите на Лигата на Европа преку големиот Фенербахче и во квалификациите за ЛШ ги победи големите Малме и Копенхаген, а Шкендија играше плеј-оф со големиот Милан, сега екипи од просечни фудбалски земји изгледаат како велесила и ги сопираат нашите претсавници уште во првите рунди.

Сите четири екипи одиграа вкупно дванаесет натпревари. Единствен тим кој успеа да пројде коло беше Шкупи и тоа благодарение на поволната ждрепка - го доби косовски Љапи, кого го мина благодарение на победата во Скопје (2-0). Очаен беше настапот на шампионот Шкендија, кој на четири натпревари со Мура и Рига не успеа да постигне гол...

Паднаа шест гола на сите 12 напревари. Три од нив даде Шкупи, два постигна Струга, а еден беше дело на Силекс...

НАСТАПИТЕ НА МАК-ЕКИПИТЕ ВО ЕВРОПА

Шкендија - Мура 0-1 (ЛШ)
Мура - Шкендија 0-5 (ЛШ)
Рига - Шкендија 2-0 (КЛ)
Шкендија - Рига 0-1 (КЛ)

Шкупи - Љапи 2-0 (КЛ)
Љапи - Шкупи 1-1 (КЛ)
Шкупи - Санта Клара 0-3 (КЛ)
Санта Клара - Шкупи 2-0 (КЛ)

Лијепаја - Струга ТЉ 1-1 (КЛ)
Струга ТЉ - Лиепаја 1-4 (КЛ)

Силекс - Петрокуб 1-1 (КЛ)
Петрокуб - Силекс 1-0 (КЛ)