Македонска судиска четворка ќе ја дели правдата во Лигата на нациите

Македонската судиска организација доби ново признание од УЕФА, откако целосна судиска екипа од нашата земја беше делегирана за натпревар од Лигата на нации.

Главен судија на средбата меѓу Бугарија и Гибралтар, која ќе се одигра во Софија во рамките на Ц-групата од Лигата на нации, ќе биде Ирена Велевачкоска.

Нејзини помошнички ќе бидат Вјолца Изеири и Тамара Цветановиќ, додека улогата на четврти судија ќе ја извршува Ангела Рајчевска.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Славија“ во Софија со почеток од 17:00 часот, а делегат на УЕФА ќе биде Теодора Марину од Грција.