ФОТО: Македонска поддршка за Сараево - „фармацевтите“ го бодреа Велкоски

Синоќа, босанскиот прволигаш Сараево не успеа да ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, и одигра 0-0 на гостувањето во Зеница кај тимот на Челик. 

Поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски го одигра целиот меч, но 
не успеа да ја затресе мрежата на домаќините, иако од трибините имаше македонската поддршка. Ракометарите на Еурофарм Работник овој викенд гостуваат на Меморијалниот турнир „Заим Кобилиќ“, а Дрогришки, Ивановски, Талевски, Крстевски, Мемиќ, Трајкоски и Маркоски слободното време се одлучија да го искористат за следење на фудбалски натпревар и бодрење на својот сонародник. 

„Фармацевтите“, вчера забележаа победа во полуфиналето на овој турнир и денес го играат финалето со домаќинот Зеница.