Македонска фудбалска легенда „во игра“ за преземање на белградски Партизан!

Фудбалскиот клуб Партизан од Белград е во потрага по нов тренер по разделбата со Срѓан Благојевиќ, а според информациите што пристигнуваат од Црна Гора, меѓу потенцијалните наследници се наоѓа и Виктор Треневски, поранешен фудбалер на „црно-белите“ и екс-македонски репрезентативец. 

Иако од клубот сè уште нема официјална потврда, изворите блиски до белградскиот гигант наведуваат дека Треневски е еден од неколкуте имиња што се разгледуваат како можност за клупатa. Според порталот „ЦГ Фудбал“, македонскиот стратег „во последно време добил сериозно внимание“ од страна на управата на Партизан, особено поради неговата работа со младите фудбалери и способноста да развива нови таленти.

Треневски, кој е роден во Скопје во 1972 година, има богато играчко минато во Партизан, за кој настапуваше од 1995 до 1998 година и постигна 19 голови на 88 натпревари. Неговата тренерска кариера најмногу се одвивиаше во Словенија и Црна Гора, каде што ги водеше клубовите Малечник, Заврч, Дечиќ, Грбаљ, Ком и Работнички.

И покрај тоа што Треневски нема позначајни резултати на највисоко ниво, неговото име предизвика внимание во јавноста, пред сè поради емоционалната врска со клубот и потенцијалот да донесе нова енергија во тимот.