• Костадин Захов е нов голман на Шкендија

    И официјално голманот Костадин Захов е ново засилување за тетовска Шкендија. Освен Захов раководството на Шкендија по промоцијата на новиот тренер, претходно го договори и Стефан Вујчиќ, а најверојатно во тимот ќе се врати и Ндерим Неџипи. 

  • Цел Прилеп ќе дава пари за силна Победа!

    Навивачкиот клуб „Мајмуни“ од Прилеп ја информира јавноста преку соопштение, кое воедно е и апел до сите прилепчани да помогнат во подобрување на имиџот на клубот, со тоа што секое семејство ќе учествува во финансирање во клубот.

  • Бојан Захариев е нов тим менаџер на Младост Царев Двор

    Фудбалскиот менаџер Бојан Захариев, кој своевремено беше в.д. претседател на Вардар, а работеше и во Брегалница, е назначен за нов тим менаџер на Младост Царев Двор. Екипата која започна како хит до ПМФЛ, есента ја заврши како еден од главните кандидати за опстанок во нашето најсилно друштво.

  • Вардар и оваа година на подготовки од 20 дена во Анталија

    Есенскиот првак Вардар веќе ги дефинира своите клучни термини во подготовките за пролетниот дел од шампионатот на Македонија. Професионалците ќе се јават на лекарски прегледи во Скопје на 8 јануари наутро. Од следниот ден, започнуваат базичните подготовки во главниот град, сè до 24 јануари, кога вардаровата експедиција ќе мине 20 дена во Анталија како и минатата година.

  • Иван Митров се врати во Брегалница

    Поранешниот фудбалер на штипска Брегалница, Иван Митров, одново е член на македонскиот прволигаш од Под Исарот, откако минатата година го замени Штип за Тетово и се пресели во Шкендија.

  • Наумоски: Седлоски ме разочара и тоа многу ме боли

    „Најпрво ме однесоа во погрешна болница, па ме оперираа два часа подоцна во приватна болница, се разбира дека тоа беше погрешно. Ме оперираа и по трет пат. Да ми се случеше тоа во Европа, сигурно сега би бил на терен, наместо во кревет“, изјави Илчо Наумоски за хрватскиот портал „гол“.

  • Официјално: Дамир Којашевиќ нов член на Вардар

    Есенскиот шампион Вардар денес и официјално го претстави Дамир Којашевиќ како свое прво засилување за пролетниот дел од сезоната. Црногорскиот интернационалец се обврза на две и пол годишен договор со нашиот најтрофеен клуб.

  • Хакирана ФБ страната на „Обединети за фудбалот“

    И кога се мислеше дека се ќе оди во насока на спас на фудбалот, сепак, нешто мораше да тргне наопаку. Имено, денес беше хакирана ФБ страната на „Обединети за фудбалот во Македонија“.

  • Вардар ја покажа хуманата страна: Фудбалерите и ракометарките го посетија домот „25 Мај“

    Вардар уште еднаш ја покажува својата хуманост. Овој пат, фудбалерите и женската ракометна екипа, беа дел од екипата, што го посети домот за деца со воспитно-социјални проблеми.

  • Ѓорѓиоски до Панчев: Вратата на ФФМ за тебе е секогаш отворена

    Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во новогодишното интервју за интернет страницата на федерацијата, потенцира дека секој фудбалски работник е добрeдојден во ФФМ, доколку може да помогне во развојот на македонскиот фудбал. Се разбира дека Ѓорѓиоски оваа порака ја испраќа кон македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, откако пред неколку дена се појави иницијативен одбор за спас на фудбалот.

  • Станковиќ и Брегалница спогодбено ќе се разделат?

    Како што најавува раководството на штипска Брегалница, на српскиот интернационалец Звонимир Станковиќ, ќе му понуди спогодбен раскин на договорот. 

  • Шкендија по трет пат го враќа Ндерим Неџипи

    Тетовска Шкендија се наоѓа пред потпис со Ндерим Неџипи, кој ако го облече „црвено-црниот“ дрес по трет пат ќе се врати во клубот под Шара. Креативниот плејмејкер настапува за Фљамуртари се наоѓа на шест месеци до истекот на договорот и со оглед на желбата на 31-годишниот фудбалер, шансите за реализација на трансферот се големи.

  • Нови договори за Хуан Фелипе и Дашјан во Вардар

    Ерменскиот интернационалец Артак Дашјан и бразилскиот играч за врска Хуан Фелипе добија нови договори со македонскиот шампион Вардар до јуни 2017 година.

  • Вардар се ослободува од вишокот и прави простор за нови засилувања

    Раководството на македонскиот фудбалски шампион, Вардар, конечно се „фати“ за работа. По бурната недела која ни ја приреди тетовска Шкендија, со промената на тренерската позиција, каде на местото на Шптим Дуро, за нов тренер беше назначен Бруно Акраповиќ и со многуте шпекулации за нови засилувања, раководството на Вардар, ќе го направи првиот чекор за одбрана на титулата. 

  • Хуманите вардарци ги даруваа најмладите

    Денес во Детската клиника во Скопје по повод новогодишните празници, преставници на шампионот Вардар, Хотел Русија и со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот поделија новогодишни пакетчиња на сите од клиниката.

  • Д-р Гоце Ингилизов нов претседател на Победа

    Претпладнево во просториите на Победа се одржа технички состанок на кој беше официјализирана смената на претседателската функција. На местото на досегашниот претседател Горан Хаџи-Ристески, кој се повлекува поради службени обврски, нов претседател на Победа од денес и официјално е д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп. Хаџи-Ристески останува еден од спонзорите на клубот и член на Управниот Одбор на клубот.

  • Дуро замина од Шкендија, Акраповиќ негов наследник

    Раководството на тетовска Шкендија денес објави дека е прекината соработката со првиот тренер, Шптим Дуро. На негово место веднаш е пронајдена замена во името на 48-годишниот босански стручњак Бруно Акраповиќ. Босанецот во минатото има играно заедно со нашиот поранешен репрезентативец, Тони Мицевски во екипата на Ханза Росток.

  • Хамбарџумјан уште три години во Вардар

    Ерменскиот интернационалец Ховханес Хамбарџумјан потпиша нов тригодишен договор со македонскиот шампион Вардар. Фудбалерот, кој игра одлично по десната страна, во есенскиот дел од првенството пропушти голем дел од официјалните натпревари заради повреда, но на мечевите на кои играше потврди за каков фудбалер се рабоити.

  • Јаневски пред Солскјаер на листата за најдобри тренери

    Излезе најновата листа на најдобри тренери, која секоја година ја одредува „COACHWORLDRANKING“. Првото македонско име, кое се спомнува на листата е дури на 599. место. Таму се наоѓа екс селекторот на македонската репрезентација и сегашен тренер на Мускрон, Чедомир Јаневски.

  • Агенцијата за млади и спорт одлучи: Македонија ќе има спортски амбасадори

    Директорот на агенцијата за млади и спорт. Марјан Спасески, денес изјави дека Македонија ќе добие спортски амбасадори.

Pages