Македонскиот второлигаш Новаци се пофали со ново засилување за остатокот од сезоната. Во тимот пристигна младиот Стефан Секирски, кој ја покрива левата бековска позиција.
Македонскиот второлигаш Каменица Саса ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде главна цел ќе биде опстанок и задржување на екипата во оваа конкуренција.
Управата на Шкендија од Арачиново се пофали со ново звучно засилување. Во тимот пристигна левиот бек Хадис Таири, кој доаѓа од редовите на Струга Трим Лум.
Македонскиот второлигаш Осогово стартуваше со подготовките за пролетната полусезона во Втората фудбалска лига и веќе најави пет пријателски натпревари кои ќе ѝ помогнат на екипата подобро да се воигра пред претстојните предизвици.
Тренерот Горан Здравков денес ја одржа првата прозивка, со која второлигашот Детонит Плачковица означи старт на зимските подготовки. Штипјанецот одржа состанок со играчите, го соопшти планот за подготовки и пријателските натпревари преку кои ќе се тестира формата.
Гевгелиски Кожуф ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Истите ќе се реализираат во Гевгелија, под палката на тренерот Иван Варадиновски.