Брера и Тиквеш ги испратија поранешните шампиони во ВМФЛ!
Фудбалерите на Брера Струмица не успеаја да го победат Работнички и одигра нерешени 2-2 (2-1) во натпреварот од 31. коло на ПМФЛ. Иако имаа сè во своите раце, струмичани премногу се опуштија во завршницата и со човек повеќе си дозволија да испуштат победа која можеше многу да значи во борбата да се избегне баражот за опстанок. Од друга страна, Работнички веќе и математички е второлигаш.









