Македонија загуби од Австрија исто како и во Марија Енцерсдорф

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа нов пораз во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2021 година и на домашен терен загуби од селекцијата на Австрија (0-3).

Далеку поискусниот тим и фаворит на хартија го грабна полниот плен, со три гола во нашата мрежа. Македонија даваше отпор полувреме и пол, но потоа квалитетот на Австрија дојде на површина.

По неколку промашени шанси на обете страни, Австрија го отвори резултатот од пенал во 35. минута, кога погоди Била. Пред финишот на првиот дел по еден кикс на одбраната, гостинот зголеми на 0-2 преку Задрзил, а нововлезената Дунст во вториот дел, поточно во 78. минута ги постави конечните 0-3.

Македонија во наредното коло кое се игра напролет гостува кај Србија, а во групата е на претпоследното место со три бода, пред Казахстан.