Македонија забележа пад на новата ФИФА ранг листа

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра четири натпревари во рамките на Лигата на нациите. Јунскиот циклус не беше максимално успешен, бидејќи „рисовите“ запишаа две победи над Гибралтар, реми со Бугарија и тежок пораз од Грузија.

Светската фудбалска репрезентација (ФИФА) го објави новиот ранкинг на репрезентациите, а на него Македонија забележа пад од две позиции. Така, од 62-то, каде што се наоѓаше по мартовските дуели, нашата селекција падна на 64. место. Сегашниот биланс на поени е 1375.2, откако се загубени 5,87 поени. На сметка на Македонија профитираше Јамајка која забележа подем од две позиции. 

На врвот нема промени, Бразил остана прв, пред Белгија, додека на третото место се проби Аргентина пред Франција. Во топ десет се најдоа уште Англија, Шпанија, Италија, Холандија, Португалија и Данска, додека отпадна Мексико дури и зад Германија на 12. позиција.

Од земјите во регионот Хрватска се најде на 15. место, Србија остана 25-та, Грција е 48-ма, Босна и Херцеговина е 57-ма, додека Словенија, Албанија и Црна Гора се веднаш зад нас.