• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде во третиот шешир за квалификациите за Светското првенство (СП) кое во 2026 година ќе се игра во Канада, САД и Мексико.
Нашиот национален тим нема да може да игра против Шкотска, Словенија, Ирска, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, БиХ и Израел. Останатите ривали се можни. Ждрепката за циклусот за СП 2026 ќе добие дата по комплетирањето на Лигата на нациите во ноември.
Квалификациите за ова СП 2026 ќе имаат нов изглед, заради зголемената бројка на УЕФА членови на светскиот собир, наместо 13 ќе има 16 селекции на завршницата.
Циклусот ќе има 12 групи со четири или пет тима, а победникот од секоја група ќе оди на СП 2026, додека второпласираните ќе играат во бараж, заедно со четирите најдоброрангирани селекции од Лигата на нациите кои не се пласирале на СП 2026 преку квалификациите.
Шешир 1: Франција, Шпанија, Англија, Белгија, Холандија, Португалија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија
Шешир 2: Украина, Турција, Полска, Шведска, Велс, Унгарија, Србија, Словачка, Романија, Норвешка, Грција
Шешир 3: Шкотска, Словенија, Македонија, Ирска, Финска, Албанија, Грузија, Исланд, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Израел, Чешка
Шешир 4: Бугарија, Фарски Острови, Ерменија, Белорусија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Литванија, Летонија, Финска
Шешир 5: Молдавија, Андора, Малта, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино
Квалификациите за европските селекции за СП 2026 треба да започнат во март 2025 година со групите од пет учесници во квалификациите, додека групите со четири тима ќе започнат во септември 2025 година.