• Иван Димовски
По комплетирањето на квалификациите за Европското првенство, а и ждрепката за финалниот турнир, Европската фудбалска унија (УЕФА) ги потврди и шеширите за следното издание во Лигата на нациите 2024/25.
Македонија остана во Лига Ц, меѓутоа е во лоша положба бидејќи извлекувањето ќе го очекува од третиот шешир. Подобро рангирани во Лигата на нациите од нашата селекција се селекции како Фарски Острови, Косово, Луксембург... ама тоа сè е како последица по лошиот настап во минатото издание.
- Шешири за ждрепката во Лигата на нациите:
Шешири за Лига А:
Прв шешир: Шпанија, Хрватска, Италија, Холандија
Втор шешир: Данска, Португалија, Белгија, Унгарија
Трет шешир: Швајцарија, Германија, Полска, Франција
Четврт шешир: Израел, Босна и Херцеговина, Србија, Шкотска
Шешири за Лига Б:
Прв шешир: Австрија, Чешка, Англија, Велс
Втор шешир: Финска, Украина, Исланд, Норвешка
Трет шешир: Словенија, Ирска, Албанија, Црна Гора
Четврт шешир: Грузија, Грција, Турција, Казахстан
Шешири за Лига Ц:
Прв шешир: Романија, Шведска, Ерменија, Луксембург
Втор шешир: Азербејџан, Косово, Бугарија, Фарски Острови
Трет шешир: Македонија, Словачка, Северна Ирска, Кипар
Четврт шешир, Белорусија, Литванија/Гибралтар, Естонија, Летонија
Шешири за Лига Д:
Прв шешир: Литванија/Гибралтар, Молдавија
Втор шешир: Малта, Андора, Сан Марино, Лихтенштајн
Извлекувањето за следното издание на Лигата на нациите ќе се одржи на 8 февруари. Првите две кола се играат на 5 и 8 септември, потоа третото и четвртото на 10 и 13 октомври, додека групите ќе завршат со два натпревари на 14 и 17 ноември
Од ова издание на Лигата на нациите од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.