Македонија У21 сака „седум од седум“ против Црногорците во Тузи

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ја очекува натпреварот од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство. 

Избраниците на Горан Станиќ попладнево од 18:00 часот ќе ѝ гостуваат на Црна Гора во натпревар кој ќе се одигра во Тузи. Според букмејкерите, домашната селекција е фаворит на средбата против Македонија. Сепак, двете селекции имаат идентичен скор досега, по победа и два порази, па се очекува голема борба за бодовите. 

Македонија на Станиќ доаѓа во Тузи во нешто подобра атмосфера, бидејќи на претходниот меч во Битола славеше против Ерменија со 2-1. Од друга страна Црногорците загубија со 2-0 од Полска на гостински терен. 

Досега Македонија и Црна Гора во оваа старосна категорија играле шест пати, а секогаш победувала нашата селекција. Сепак, само еднаш победата била со два гола разлика (2-0), а сите други се минимални.