• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе го искористи јунскиот термин за нови пријателски натпревари, последни како подготовка за циклусот за Европското првенство (ЕП).
Нашиот национален тим веќе договори еден пријателски дуел. Се работи за меч со Малта кој е предвиден да се игра во Скопје. Играчите на Драган Канатларовски ќе излезат на мегдан со противникот на 20 јуни.
Македонија У21 во квалификациите за ЕП 2025 во Словачка ќе игра со селекциите на Холандија, Шведска, Грузија, Молдавија и Гибралтар. Циклусот стартува во септември, со мечеви против Шведска на гости (8 септември) и Холандија дома (12 септември).