Македонија У21 ја совлада Финска, победнички ги чека квалификациите

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година забележа победа на пријателскиот натпревар против Финска, кој се играше во Словачка (1-0), а беше подготовка за наредниот квалификациски циклус за ЕП.

Нашите надежи имаа иницијатива речиси цела средба, а победата ја донесе еден брз погодок. Единствен стрелец на средбата беше одбранбениот играч на Академија Пандев, Ване Јованов, кој реализира во четвртата минута од мечот.

За екипата на Благоја Милевски сега следат квалификации за ЕП, во кои нашиот национален тим е со Шпанија, Црна Гора, Казахстан, Израел и Фарски Острови. Истите стартуваат на 10 септември.