ВИДЕО: Македонија У21 ја декласира Малта пред стартот на квалификациите за ЕП

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година триумфираше во вториот јунски тест против Малта со 4-0 (2-0). Средбата која се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) понуди доминантна игра на избраниците на Цапар, навремени голови и рутинска победа, по ремито со Ерменците (1-1).

  • Извештај од натпреварот:

Избраниците на Канатларовски почнаа одлично и Максимов по само две минута ја имаше првата шанса. Во 10. минута Илиевски проби по десната страна, му сервираше зиџер на Рамани, а овој од само еден метар ја втурна топката во празната мрежа (1-0). Пет минути подоцна одбраната на Малта заборави на Димитар Тодоровски, кој од работ на казнениот простор биеше во левиот долен агол и толката вторпат отседна во мрежата (2-0). До крајот на првито дел нашите млади фудбалер притискаа, но не креираа зрели шанси за трет гол. Првиот дел заврши со ударот на Фетаи, кои лесно го одбраниот малтешкиот голман.

Второто полувреме тргна пак во знакот на момците предводени од Канатларовски. Добрата игра резултира со трет погодок во мрежата на Малтежаните. Откако доби топка од средината кон десно, бекот Андреј Стојчевски изведе мајсторија. Фудбалерот на Жилина со одличен удар погоди во спротивниот агол од голот на Малта и го остави голманот немоќен, па од 53. минута Македонија поведе со 3-0. И по третиот гол, нашиот млад национален тим не отстапи од офанзивниот пристап. Во период со доста измени на двете страни, Македонија имаше уште две одлични шанси за гол пред завршницата, а особено добра беше онаа на Абази кој откосо биеше крај голот. По него закана упати и Талаков, ама резултатски промени немаше сè до 86. минута. Тогаш Луан Абази добро се проби во шеснаесетникот излета пред противничкиот голман и пласираше за конечните 4-0.

Селекцијата на Македонија до 21 година се подготвува за стартот на квалификациите за Европското првенство во септември. Уште на почетокот пред избраниците на Драги Канатларовски се најтешките предизвици, гостување во Шведска и домашен дуел со Холандија. Освен овие две селекции, во групата се уште Молдавија, Гибралтар и Грузија.