ВИДЕО: Македонија У19 поразена од Грузија на вториот тест во Тбилиси

Репрезентацијата на Македонија до 19 години загуби на гостувањето кај соодветната селекција на Грузија со 2-0 (1-0). Нашиот млад состав играше во подмладен состав, односно генерацијата која допрва надоаѓа и претрпе неуспех на мечот на „Давид Петриашвили“ во Тбилиси. 

  • Головите од натпреварот:

По израмнетиот старт на натпреварот Грузијците добија најстрога казна откако Ристовски невнимателно фаулира. Одговорноста ја презеде Самушиа и го матира нашиот голман Вргов за 1-0 во 19. минута. До паузата немаше резултатски промени. 

На стартот на продолжението селекторот на Македонија направи пет измени и го освежи составот. Ниту тоа не беше доволно за резултатски кам-бек, па младите момчиња примија и втор гол. Тој беше дело на резервистот во грузискиот состав Амисулашвили. Голот падна по корнер, капитенот Велков не успеа да исфрли со глава, а лошо реагираа и дефанзивецот Незир и голманот Ахтаров, па подарија гол за домаќинот. 

До крајот на мечот Грузијците рутински ја одбранија предноста во Тбилиси и ја победија Македонија.