
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години доживеа пораз на првиот контролен натпревар кој се играше против Полска на гостински терен, во меч со седум гола кој заврши со резултат 4-3 за домаќинот.
Нашите фудбалери покажаа солидна игра во воведните 30 минути, па дури и први поведоа во 28. минута со автогол на Кивиор, но потоа следеа четири гола по ред во нашата мрежа.
Пред крајот на полувремето, Богуц и Собол донесоа пресврт за Полска (2-1), а Наровски и Баргиел на стартот на вториот дел, дадоа голови за 4-1. Бојан Колевски во 71. минута погоди за 4-2, а последниот погодок во мрежата на Полјаците падна во 88. минута и беше дело на Алекс Талески.
Македонија У19 во подготовките за квалификацискиот циклус за ЕП ја чека уште еден пријателски натпревар, против врсниците од Англија во Бирмингем.