• Мартин Танасковски
Македонската репрезентација до 19 години, предводена од селекторот Ерхан Селими, забележа одлична победа на гостински терен, совладувајќи ја Црна Гора со убедливи 2-4 во вториот пријателски натпревар меѓу двете селекции.
Во дуел во кој нашите млади репрезентативци имаа далеку повеќе од играта, Македонија постигна четири погодоци, доминираше на теренот и целосно заслужено се радуваше на овој извонреден триумф. Серијата голови за нашата селекција ја отвори фудбалерот на Вардар, Емир Шаботиќ, во првото полувреме. Откако домаќините успеаја да израмнат, Македонија повторно поведе со гол од пенал на членот на Црвена Звезда, Горазд Ристовски.
Црна Гора повторно израмни на 2-2, но по голема грешка на домашниот голман, Адмир Љафити донесе ново водство за Македонија. Истиот играч со прекрасен соло продор и прецизен удар го постави конечниот резултат, 2-4 во корист на нашата селекција.
Првиот пријателски натпревар меѓу овие две репрезентации заврши без голови, 0:0.
Црна Гора У19: Томај Ѓуровиќ, Зарија Мугоша, Мелдин Којиќ (од 63. Никола Балевиќ), Имран Реџепагиќ, Лазар Мартиновиќ, Андреј Божовиќ, Петар Јауковиќ (од 63. Драгутин Шарановиќ), Лука Брајовиќ, Јагош Рогановиќ (од 74. Данило Пејовиќ), Андрија Вукоје (од 74. Петар Јашовиќ), Матија Јовановиќ (од 74. Петар Ражнатовиќ).
Селектор: Ненад Вукчевиќ.
Македонија У19: Давид Илоски, Златко Радески, Давид Стојаноски, Лука Атанасоски (од 46. Андреј Мурџески), Агрон Бајрами, Горазд Ристовски, Емир Шаботиќ, Марко Киш (од 83. Абдулах Аслани), Ненад Дамјаноски (од 46. Кименчо Андоновски), Стефан Бранковски (од 88. Давид Ивановски), Адмир Љафити (од 77. Арион Мехмед).
Селектор: Ерхан Селими.



