Македонија У19 ги заврши „тестовите“ со триумф над Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години со победа ги заврши тестовите во Скопје, откако во вториот натпревар со врсниците од Црна Гора славеше со 2-0 (1-0).

Нашите надежи сервираа реванш за претходниот пораз пред два дена, кој беше минимален. Резултатот го отвори Куштрим Таири во 34. минута од мечот, додека печат на триумфот стави Давид Тошевски со погодок во последните минути од средбата.

Македонија У19 ги заврши пријателските натпревари со две победи и два порази. Нашиот национален тим одигра по два пријателски меча со Израел и Црна Гора, а резултатот беше половичен - по една победа и еден пораз со двата противника.