Македонија У19 со два теста против БиХ ќе темпира форма за елитните квалификации за ЕП

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 19 години ќе одигра два натпревари во склоп на подготовките за настап во елитната фаза од квалификациите за Европското првнество против Босна и Херцеговина. 

Селекторот Тони Јакимовски го објави списокот на повикани фудбалери за предизвиците кои следат, а на него се играчите на кои смета во пресрет на квалификациите. 

Список на повикани фудбалери на Македонија У19:

Голмани: 
Љупче Џеков (Силекс), Петар Јакимов (Беласица)

Одбрана: 
Давор Серафимов (Шкупи), Андрија Димевски (Вождовац, Србија), Андреј Велков (Брера Струмица), Андреј Аризанковски (Брера Струмица), Даниел Марковски (Хелсинборг, Шведска), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марко Стојилевски (Брера Струмица)

Среден ред: 
Фикрет Љиварека (Осогово), Мартин Ѓоргиевски (Брера Струмица), Теодор Николовски (Работнички), Дино Михолов (Беласица), Лорик Мухтари (Еицхеде, Германија), Амир Нухија (Арсими), Лорик Каба Јакупи (Шкендија), Димитар Данев (Работнички), Никола Манојлов (Работнички)

Напад: 
Никола Величковски (Македонија ЃП), Донарт Беџети (Хелсингор, Данска)

Двата контролни натпревари се играат на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје, првиот е закажан на 27 февруари во 13:30 часот, а вториот два дена подоцна во 11:30 часот. 

Македонија до 19 години ја очекува елитната фаза од квалификациите на Европското првенство на крајот на март, a ривали во групата се Украина, Швајцарија и Летонија.