• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 19 години ѝ се одмазди на соодветната селекција на Босна и Херцеговина и го доби вториот тест дуел во Скопје со 2-0. Откако на првиот натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ пред неколку денови гостинот славеше со истиот резултат, денес момците на Тони Јакимовски возвратија со иста мера.
На овие натпревари селекторот Јакимовски даде шанса на многу фудбалери, во склоп на подготовките за елитната фаза квалифкации за Европското првенство.
- Стартен состав на Македонија за дуелот со БиХ:
Македонија: Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи;
Резерви: Никола Талески, Фикрет Ливарека, Андреј Велков, Димитар Данев, Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Дино Михолов, Хадис Таири, Давор Серафимов;
Што се однесува до натпреварот против Босанците, првото полувреме во скопската населба Ново Лисиче не понуди погодоци. Резултатот го отвори Каба Јакупи кој во 52. минута даде ефектен гол. Младиот репрезентативец на Македонија дочека одбиена топка на волеј и ја испрати во мрежата за 1-0. Вториот гол падна по голманска грешка во 94. минута. Македонските играчи ја искористија конфузијата, а за одбиена топка на вистинското место се најде Фикрет Љиварека кој ги постави конечните 2-0.
Избраниците на Јакимовски на крајот на март ги очекуваат натпреварите од групата 7 на патот кон континенталниот собир. Ривали на Македонија во групата ќе ѝ бидат Швајцарија, Украина и Летонија, а натпреварите се играат од 18 до 26 март.
- Головите од натпреварот: