• Мартин Танасковски

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години го одигра првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора и доживеа убедлив пораз (1-5).
На тренинг-кампот „Петар Милошевски“ при ФФМ, нашиот национален тим кој е предводен од селекторот Вујадин Станојковиќ не беше конкурентен и доживеа пораз.
Уште во 16. минута Црна Гора поведе преку Мараш, а потоа Ѓукановиќ зголеми на 0-2. Третиот гол беше дело на Марко Петровиќ. Пред крајот на првиот дел, за Македонија погоди Андреј Велков (1-3), но Петровиќ и Ајетовиќ со автогол го поставија конечниот резултат.
Следниот пријателски натпревар се игра за два дена од 11:00 часот.