Македонија У19 на тренинг камп ќе се воигрува за следните предизвици

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години во следниот период ќе мине седум дена на тренинг камп во Кичево. 

Селекторот Вујадин Станојковиќ го објави списокот на повикани играчи за овој камп. Младите фудбалери од 12 до 18 јули ќе престојува во Кичево и ќе тренираат заедно, воигрувајќи се за претстојните предизвици. 

  • Список на повикани фудбалери:

Голмани: 
Славе Вргов (Брера), Спаско Ахтаров (Беласица), Амар Хаџибулиќ (Работнички), Даниел Диковски (Брера)

Одбрана: 
Анес Мелиќи (Шкендија), Андреј Љубевски (Осогово), Нуман Ајетовиќ (Шкупи), Габриел Крстевски (Пелистер), Лука Атанасовски (Вардар), Андреј Велков (Брера), Бојан Ивчески (Победа), Бесијан Халими (Шкендија)

Среден ред: 
Никола Манојлов (Работнички), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Давид Ристовски (Брера), Мухамед Елмас (Гостивар), Алмир Подграѓа (Работнички), Дарко Сековски (Македонија Ѓ.П.)

Напад: 
Димитар Данев (Работнички), Давид Матески (Силекс), Андреј Силјаноски (Пелистер), Адмир Љатифи (Беса), Веби Ислами (Шкендија), Омар Беровиќ (Работнички)

Оваа генерација на фудбалери е изменета, откако претходната играше во елитната фаза на квалификациите за Европско првенство. Така подновената репрезентација до 19 години ќе го искористи овој камп за дополнително запознавање.