Македонија У19 на пријателски двомеч со Кипар

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра пријателски двомеч на домашно тло, како подготовка за квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2023 година.

Младите „рисови“ ќе се сретнат против Кипар. Ќе се одиграат два натпревари, двата во Скопје. Локацијата се очекува да биде тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.

Првиот пријатлески натпревар ќе се игра в сабота на 24 септември, додека вториот е закажан во понеделник на 26 септември. Терминот е 14:00 часот.