• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ќе има пријателски натпревари во месец март.
Нашите надежи предводени од селекторот Неџат Шабани ќе се судрат против селекцијата на Азербејџан. Контролните дуели се закажани на 24 и 27 март.
Околу местото на одигрување, засега нема информации. Допрва ќе се одлучи локација за овој пријателски двомеч, како и времето на натпреварите.