Македонија У18 одигра реми против Унгарија во Ѓер

Селекцијата на Македонија до 18 години одигра пријателски натпревар против Унгарија кој заврши со нерешени 1-1 (1-0). Пресметката во Ѓер беше добра за „црвено-жолтите“ момци кои долго имаа предност, но капитулираа во завршните минути и домаќините стигнаа до реми. 

Резултатот во 31. минута го отвори капитенот Матеј Ангелов, крунисувајќи ја добрата игра (1-0). Се играше цврсто на средината од теренот, а Македонија имаше нова голема можност преку Бесар Гуџуфи во вториот дел. Израмнувачкиот гол беше дело на Балаж Рац, кој во 90. минута донесе 1-1.

Така, избраниците на Неџат Жабани испуштија победа на првиот контролен дуел во Ѓер. 

За Македонија од првата минута настапија: Васко Василев, Никола Павлески, Борјан Попоски, Енис Буќи, Матеј Ангелов , Марко Тренески (Aтхе Кадриу од 55. минута), Бесар Гуџуфи, Марко Софијаноски (Ерион Шуку од 65. минута), Игор Јаневски, Арбнор Мурати, Давид Љусев (Максим Милошевски од 82. минута).

Македонија и Унгарија ќе одиграат уште еден тест, на 16 септември во 11:00 часот.