• Саше Љолес
Македонската У17 репрезентација го запиша првиот пораз во претквалификациите за Европското првенство, откако денес беше совладана од соодветната селекција на Романија со конечни 0-3 (0-2).
Двата тима промашија по еден пенал во првото полувреме, а Романците го отворија резултатот во Костин Георге, кој исто така биеше од белата точка во 25. минута. Само три минути подоцна, Ненад Дамјаноски не реализираше најстрога казна за Македонија, а потоа ривалот успеа да ја удвои предноста пред самиот истек на првиот дел (0-2).
Во второто полувреме имавме неколку солидни прилики за погодок, но не успеавме да ја затресеме противничката мрежа, со што поразот на крајот беше неизбежен, со уште еден гол кој го примивме во 98. минута. Романија ја „прескокна“ Македонија на табелата со вкупно шест бода, а нашите надежи имаат два помалку.
Во елитната фаза од квалификациите за ЕП, патува репрезентацијата на Шкотска која беше домаќин на турнирот.