Македонија У17 остана без теорија за елитна фаза за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години нема да биде дел од елитната фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП) затоа што ги загуби и теоретските шанси да биде меѓу четирите најдобри третопласирани селекции.

Со изедначена гол-разлика (5-5) и само три освоени бода, нашите надежи беа трета најдобра селекција меѓу третопласираните и стоеја на последното место кое води во елитната фаза.

Пред нашиот национален тим беа БиХ и Србија со по четири бода, но сега, на третото место дојде Турција, која во рамки на последното коло од групата загуби од Словачка (0-3) и со вкупно четири бода е третопласирана во својата група. Исто така при евентуален ист број на бодови пред нас ќе заврши и Бугарија, која има подобар скор со останатите селекции.

Македонија У17 квалификацискиот циклус за ЕП го заврши со една победа над Фарски Острови (4-0) и два порази од Израел (1-4) и Шпанија (0-1).