Македонија У17 ќе игра елитни квалификации за Европското првенство!

Фудбалската репрезентација на Македонија до 17 години направи голем успех и ќе игра во елитните квалификации за Европското првенство (ЕП)!

Нашиот национален тим во последната рунда славеше убедливо над аутсајдерот Гибралтар (9-0) и ги заврши настапите во групата на втората позиција. Головите за Македонија У17 ги постигнаа Џангаровски и Папалиски (по два и трипати), а по еднаш погодија Мамути, Љачка, Михајловски и Цветковски.

Услуга во битката за второто место ни направи Чешка, која како лидер во групата убедливо ја совлада Унгарија во последното коло (7-1). Нам ни беше потребна оваа победа, затоа што важна беше гол-разликата затоа што имавме ист број на бодови со Унгарците.

Турнирот во Струмица, Македонија У17 го заврши со победа над Гибралтар, реми со Унгарија (2-2) и пораз од Чешка (0-2).