• Саше Љолес
Македонската репрезентација до 15 години одигра нерешено (1-1) против соодветната селекција на Албанија во првиот контролен натпревар одигран во Подградец.
Нашите надежи на паузата имаа негатива од еден гол, но во второто полувреме успеаја да извлечат нерешен резултат со погодокот на Георгиевски, кој стрелаше прецизно во 80. минута. Имавме уште неколку солидни шанси за погодок во 36. и 74. минута, но на крајот моравме да се задоволиме со реми.
Двете селекции ќе се соочат во уште еден пријателски натпревар кој ќе се одигра на 24 август на стадионот „Скендербеу“ во Корча. Почетокот е закажан за 17:00 часот.