• Иван Димовски
Женската фудбалска репрезентација на Македонија слави во првиот од двата планирани пријателски натпревари против Црна Гора со 3-2 (3-1).
Избраничките на Александар Андов се радуваа на првата средба на дождот во Скопје на теренот „Петар Милошевски“ при ФФМ. Рано нашата селекција поведе преку Симона Меијер во петтата минута, а гостинките израмнија рпеку Карличиќ.
Со погодоците на Гентијана Рочи во 19. и Улза Максути во 41. минута репрезентацијата на Македонија стекна предност од 3-1 на паузата, а во вториот дел Црногорките погодија уште еднаш.
Следниот тест дуел на Македонија и Црна Гора се игра на трети декември на истиот терен во 12:00 часот.