Македонија со убедлив триумф над Фарски Острови задржа теорија за елитна фаза на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години запиша убедлива победа над Фарски Острови (4-0) и ги задржа минималните шанси за пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство.

Нашите надежи го победија аутсајдерот, со по два гола во првиот и два во вториот дел од мечот. Во првиот дел двапати погоди Омерагиќ, додека во вториот во мрежата на фенерџијата во групата стрелаа Николов и Фета.

Македонија има само еден триумф од групата и според моменталниот ранкинг од третопласираните селекции во групите е на третото место. Во елитната фаза од квалификациите за ЕП одат три репрезентации, а Македонија ќе чека на расплетот од другите групи.

Пред нас според учинокот се Србија и БиХ. Шанси за нова елитна фаза на генерацијата постојат, но се минимални.