• Горан Упале
Фудбалската репрезентација на Македонија во првиот овосезонски репрезентативен прозорец ќе одигра два натпревари – еден пријателски и еден во рамки од квалификациите за Светското првенство. Нашиот најквалитетен национален тим ќе се судри со селекцијата на Саудиска Арабија, како и против Лихтенштајн.
Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните предизвици. Предводникот на Македонија повика 26 играчи за септемврискиот собир, од кои двајца се дебитанти – Решат Рамадани од Шкендија и Елмир Растодер од швајцарски Тун.
- Списокот на Благоја Милевски:
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА Арад (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски – Фљамуртари (Албанија)
Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Никола Серафимов – Левски Софија (Бугарија)
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Ѓоко Зајков – Ајман (ОАЕ)
Андреј Стојчевски – Словачко (Чешка)
Дарко Велковски – Зрињски (БиХ)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Бојан Илиевски – Струга Трим Лум
Среден ред:
Енис Барди – Коњаспор (Турција)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Елиф Елмас – Лајпциг (Германија)
Исник Алими- Далиан Јингбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички Крагујевац (Србија)
Тихомир Костадинов – Сигма Оломуц (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Напад:
Бојан Миовски – Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко Чурлиноив – Барнли (Англија)
Александар Трајковски
Лирим Ќамили – Сондерјиске (Данска)
Димитар Митровски – Олимпија Љубљана (Словенија)
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Собирот на македонската А репрезентација за септемвриските натпревари е закажан за 1. септември во 12:30 часот.
Против Саудиска Арабија ќе се судриме на четврти септември, а три дена подоцна ќе се бориме за бодови против Лихтенштајн. Со Саудијците ќе се сретнеме во Прага, додека во квалификацискиот натпревар ќе бидеме домаќини.
